На територија на Град Скопје вчера во спроведената засилена акциска сообраќајна контрола изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл.

Од МВР информриаа дека се изречени девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2022 09:55