Денеска, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2022 12:22