На 26.04.2022а во 20.45часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(36) од Скопје.

Тој се сомничи дека претходно, со употреба на подесен алат, влегол во подземни гаражи на бул.„Свети Кирил и Методиј“ и одзел повеќе предмети. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор со полициски службеници С.Л. го признал делото.

Тој, исто така, бил баран по телеграма распишана од ЕВР Аеродром и Драчево, поради сомнение за извршена „тешка кражба“ во обид на 27.02.2022 на ул.„Бојмија“ во Скопје.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2022 14:22