Казнети се 96 возачи на територија на Град Скопје вчера во спроведената сообраќајна акција. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Ккао што информираа од МВР изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта.