На 27.04.2022 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид - Одделение за недозволена трговија со дрога, од слобода го лишија Н.Т.(35) од Охрид.
При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава