Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 286 возачи во рамки на засилените сообраќајни контроли на територијата на цела држава.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час поголема брзина од дозволената. Притоа, информираа денеска од МВР, 140 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2022 10:45