СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Тој, на 7 медицински рецепти извршил преправки и го фалсификувал поттписот од вработеното медицинско лице во здравствена установа.

Потоа, фалсификуваните документи, како вистински, ги приложил во една аптека во Охрид, успеал да ги доведе во заблуда вработените, од каде неовластено набавил ампули со течен диазепам.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2022 04:14