На 26.04.2022, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија ги лишиле од слобода В.К.(52), Ж.Б.(65) и К.Н.(68) од Демир Капија.

Тие биле затекнати при риболов во реката Вардар, кај месноста викана „Тунелите“ кај Демир Капија, во време на забрана за риболов во водите на реката. Кај нив биле пронајдени и одземени 127 парчиња уловена риба.

Тие биле приведени во Полициската станица во Неготино и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2022 04:15