Националната федерација на фармери (НФФ) денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна ќе одржи редовна седница на Годишното собрание.

На седницата ќе се разгледуваат и усвојуваат активностите за тековната година и ланските извештаи.

Како што најавува НФФ, предвидени се обраќања на директорот на Платежната Агенција Никица Бачовски, на раководителот на Секторот за рурален развој во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Гоце Георгиевски, како и на Васко Хаџиевски од регионалната канцеларија на We Effect за Европа.

Активностите и резултатите на НФФ ќе ги презентираат претседателката на Федерацијата, Васка Мојсовска, извршниот директор Стеван Орозовиќ, како и членовите на Управниот одбор, Мемет Синани и Фросина Ѓоргиевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2022 09:17