Полицијата на територија на град Скопје вчера изрекла вкупно 141 мерка, меѓу кои 14 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола и 27 санкции за мотоцикли.
-Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се вели во денешното соопштение од МВР.