За време на зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли на територијата на државава вчера биле изречени казни на 237 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив, 145 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 44 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Од МВР потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.