Полицијата вчера во рамки на акциските контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изрече вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола и пет санкции за користење на мобилен телефон.

Како што соопшти денеска МВР, изречени се и четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2022 10:33