СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „перење пари и други приноси од кривично дело“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против И.В.(56), А.М., И.Т.(54), О.А.(40), П.Н.(42), Т.М.(57) и В.Ј.(42), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот, спротивно на Законот за возила, на 01.10.2014 направил фиктивен странски купопродажен договор со фалсификувана и невистинита содржина за товарно возило, по што во 2015 година го употребил во постапка за царинење на возилото и добил царинска декларација.

Истата година во Биро за метрологија поднел барање за издавање на потврда за отворање на постапка за идентификација за возилото и потврда за повратник во негово име и се стекнал со потребната документација.

По ова, возилото го легализирал со употреба на фалсификувана исправа, со која е зголемена вредноста на возилото, па го продал на друго лице.

Второ и третопријавениот, како вработени во Царинска испостава-Скопје, при царинење во делот на сопственоста на возилото овозможиле сообраќајната дозвола за возилото да гласи на сопственост на лице З.Ѓ. од Скопје, додека купопродажниот договор бил склучен помеѓу правно лице и првопријавениот, со што му овозможиле да ја заврши царинската постапка.

Потоа, И.Т., О.А., П.Н. и Т.М., во својство на вработени во Бирото за метрологија, при постапка за издавање на потврда за отворање постапка за идентификација на возилото во 2015 година издале потврда на име на првопријавениот, иако сообраќајната дозвола за возилото била сопственост на З.Ѓ. од Скопје. В.Ј., вработен во техничка служба од правно лице од Скопје, спротивно на законските овластувања, издал согласност за регистрација за предметното возило и му овозможил на првопријавениот да прибави противправна имотна корист со стореното кривично дело.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2022 03:47