Полициски службеници на СВР Тетово во текот на вчерашниот ден во периодот од 9.00 до 15.00 часот спровеле засилена акциска контрола за престигнување, во која биле санкционирани вкупно 52 прекршоци, од кои 36 на терироијата на Тетово и 16 во Гостивар.
Како што соопшти МВР, најголемиот број од прекршоците се однесувале на престигнување на забранети места, а со соодветни поднесоци санкционирани се и три други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово, воедно, уште еднаш со апел до возачите да престигнуваат само на дозволени места и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.