Во текот на вчерашниот ден (02.05.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Макеоднија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 60 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2022 15:57