Тројца возачи на мотоцикли во Охрид се санкционирани поради прекршоци, од кои еден е исклучен од сообраќај поради управување мотоцикл без возачка дозвола во сообраќајна контрола на полицијата.

СВР Охрид соопшти дека сообраќајните контроли кон возачите на мотоцикли биле вчера во периодот од 14 до 19 часот.

– Сообраќајните контроли кон возачите на мотоцикли ќе бидат интензивирани со цел доследно придржување до законската одредба за поседување на соодветни собраќајни документи, носење заштитна опрема и другите законски одредби за безбедност во сообраќајот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2022 16:44