Жупаниското државно обвинителство на Вараждин донесе решение за спроведување истрага против 23-годишниот Македонец кој пред неколку ноќи во центарот на Вараждин се обиде да убие едно лице и тешко да повреди четири лица.

Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица со нож двапати избодел свој врсник и му нанел отворена рана на стомачниот ѕид со внатрешна повреда, јавија хрватските медиуми.

Во обвинението стои дека „постои основано сомнение и дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе убодни рани и расекотини и им нанел телесни повреди“.

– Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика со нож задал повеќе убоди и посекотини на уште четири жртви и им нанел телесни повреди“, се вели во обвинението.

На напаѓачот му е одредена мерка притвор поради опасност од повторување, опасност од бегство и опасност од несоодветно влијание врз сведоци во истрагата.

На Македонецот ќе му се суди за две кривични дела и може да добие затворска казна до пет години. Тој моментално се наоѓа во истражен затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2022 18:04