Бејзбол-топче потпишано со црно пенкало од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2019 година, е ставено на аукција заради собирање пари за земјата разурната од војна.

Тоа досега беше во сопственост на Ренди Каплан – познат колекционер на топчиња потпишани од светските лидери, а дел од приходите ќе бидат наменети за воени цели и за помош на Украина, соопшти аукционерската куќа „Р.Р. окшн“ (RR Auction).

Се очекуваше топчето да се продаде за најмалку 15.000 долари, но веќе се надмина таа сума.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2022 09:41