При спроведена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на државата, вчера биле санкционирани 255 возачи.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2022 10:08