Денеска во 12.45 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Г.(32) од с.Мралино, скопско.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2022 14:59