Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час, а еден со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.