Во текот на изминатата вечер 07/08.05.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата констатирани и законски санкционирани се 35 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по пет на подрачјето на Ресен и Демир Хисар...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.