На 09.05.2022 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (36) од Куманово.

Тој бил осуден на 11 години и 9 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 8 години и 6 месеци казна затвор.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2022 13:21