Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против И.С.(47) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, И.С. злоупотребувајќи ја функцијата директор на јавно комунално претпријатие од Виница, без претходно од негова страна и од страна на управниот одбор да бидат донесени одлуки, правилници, финансиски планови или други интерни акти за начинот на користење на средствата од буџетот на јавното претпријатие, свесно, по основ на ставка за репрезентации, од буџетот на јавното комунално претпријатие потрошил средства во износ од 2.249.950 денари, нанесувајќи му штета на претпријатието.

Исто така, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532,32 денари, или нанесената штета на јавното претпријатие од Виница е во вкупен износ од 35.002.482,32 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2022 06:51