Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Б.(27) од с.Цер, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 18.07.2017, Б.Б. во својство на раководител на управата за имотно-правни односи при Министерство за финансии, подрачно одделение Кичево, донел решение со кое на Н.С. од Кичево му било приватизирано градежно земјиште и му било овозможено бесправно да се стекне со 78 м² површина на земјиште во државна сопственост, за која биле оштетени други корисници на катастарската парцела, а причинета е материјална штета на државата од 480.083,76 денари.