Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски во соработка со Европскиот совет на геодети започнува тридневен меѓународен настан од 12 до 14 мај. Настанот ќе започне со семинар на тема „Нови технологии и добри практики во геодезијата“.

-По семинарот, настанот ќе продолжи со Генералното собрание на Советот на геодети на Европа, на кое ќе присуствуваат и претставници на 70 геодетски асоцијации и комори од повеќе европски држави и кое за прв пат се одржува во нашата земја, информираат од Комората.

Пред почетокот на семинарот изјава ќе дадат претседателот на Комората, Никола Робаровски и претседателот на Советот на геодети на Европа, Владимир Крупа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2022 08:58