Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 216 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2022 10:04