Казнети се 149 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, информираа денеска од МВР, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2022 10:10