На 12.05.2022 во Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес поради постоење основано сомнение дека ноќта помегу 09 и 10.05.2022 извршил четири кривични дела „Тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес.

Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2022 06:06