На 14.05.2022 во 22.50 часот во Кичево од полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево е лишен од слобода И.Б.(39) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2022 11:59