Германски „Бургер кинг“ воведе нова понуда на хамбургер – за трудници, а тоа стана интернет-хит поради комбинациите што содржаат, покрај плескавица, секако – и банани, сладолед од ванила, јајца, маслинки, палачинки, свежи малини, шлаг… Изборот околу тоа што сѐ ќе содржи сендвичот, сепак, е на купувачката…

„Изгледа дека сте побарале од шестгодишно дете да ги комбинира сите негови омилени јадења“, гласи еден коментар на Твитер.

Сепак, иако на многумина им изгледа и им звучи прилично „бизарно“ и неспоиво, новата понуда има објаснување, а е наменето за сите идни мајки во Германија. Според „Бургер кинг“, тие се таму за „да ви ја остварат трудничка желба за хамбургер“.

„Преку репрезентативно истражување кај идните мајки, ‘Бургер кинг’ го откри митот за необичните силни желби за храна во бременоста. Резултатот е: Таа силна желба за време на бременоста е најнормалната работа на светот и отпорот е речиси бесмислен“, се вели во соопштението.

Според испитувањњата на „Бургер кинг“ во Германија, 58 отсто од жените чувствуваат необично силна желба за храна во бременоста. Трите најпопуларни чудни комбинации на храна кај идните мајки во оваа држава се – мармалад и кисели краставички, потоа – рибни стапчиња и сос од јаболка и, колбаси „Каривурст“ и маринирана харинга.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2022 09:04