Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) и оваа година ќе додели признанија во следниве категории: „HR-Менаџер на годината“, „HR-Практика на годината“ и „Млад HR-ентузијаст на годината“.
Целта на овие награди, како што нагласуваат од МАЧР, е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот за управување со човечките ресурси.
-Во периодот од 1-ви март до 6 мај 2022 година, беше спроведен конкурсот на номинирање, а подоцна и оценување на пристигнатите номинации во трите категории, од страна на нашата стручна комисија. Во таа насока, беа избрани добитниците на наградите за HR-Менаџер и Млад HR-ентузијаст на годината за 2021, а воедно беа избрани и финалисти за наградата HRПрактика на годината, се вели во соопштението од Асоцијацијата.
На настанот ќе бидат јавно споделени добитниците на наградите за HR-Менаџер и Млад HR-ентузијаст на годината за 2021, додека пак присутните ќе ја имаат можноста преку непосредно гласање да ја изберат HR-Практика на годината, од финалистите кои ќе бидат презентирани.