На 18.05.2022 во 17.40 часот на ул.„Македонија“, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Д.К.(19) и А.А.(28), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во објект на ул.„Македонија“.

Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2022 09:57