На 18.05.2022 во 21.30 часот на бул.„Јане Сандански“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(47) и Г.С.(39), двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле „разбојничка кражба“.

При преглед кај Г.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, додека кај А.Г. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Исто така, било пронајдено и возилото со кое била извршено делото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2022 12:12