СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад" по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик.
Во текот на февруари 2022 година во Скопје, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и преставници од други надлежни инспекторати извршиле контрола во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.,,1" во с.Арачиново, при што го затекнале пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад без да е регистриран во
Централен регистар на Република Македонија како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност „Складирање и третман на отпад", издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање. На тој начин тој го сторил делото кое му се става на товар.