Денеска остваривме неколку успешни состаноци со големи дански компании со цел промоција на инвестициските поволности во нашата земја, како и средби со нашата бизнис дијаспора во Данска, која може да биде вистински економски поттик за инвестиции во нашата земја, објави на неговиот фејсбук профил Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.
– Ги промовиравме можностите за инвестирање во нашата земјата а зборувавме и за зајакнување на вредносните ланци и пренесување на истите од делечните источни земји блиску до границите на Европската Унија. Ова ќе донесе зголемена додадена вредност и компетитивна предност за нашата земја но и инвеститорите, кои нема да се соочат повторно со сегашната ситуација на кршење на ланците на добавка а со тоа нарушување на стабилноста и предвидливоста на пазарот, објави на неговиот фејбук профил Битиќи.