[photo

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 45 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.


170 санкции за брзо возење

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2022 10:10