Во првиот квартал годинава, во патниот патнички превоз биле превезени 762 000 патници, во градско-приградскиот превоз 9 705 000, во железничкиот превоз 61 000, додека во воздухопловниот превоз се превезени 348 494 патници, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2022 година, во споредба со првото тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 30 проценти, во железничкиот превоз е намалено за 18,1 процент, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 4,5 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2022 12:33