Полицијата во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Велес санкционирала 51 возач, кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, од кои четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 10:04