Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, изречени се 370 санкции за брзо возење, од кои 110 за брзо возење во населено место додека 260 надвор од населено место.

– Во текот на вчерашниот ден (24.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 370 возачи, велат од МВР.

Оттаму информираат дека од санкционираните возазчи, 32 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возачи се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 260 надвор од населено место.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 10:26