Поради мамење на матурски испит по економија, 18-годишна девојка од Австрија, може да заврши во затвор, јавија странски медиуми.

Таа на 9 мај полагала матура во училиште во Дојчландсберг, а со себе понела и два мобилни телефони и слушалки. Откако сликала прашања, ги испраќала до свои блиски, па преку слушалките ги добивала точните одговори.

Еден наставник го забележал нејзиното однесување и поднел пријава. Девојката добила можност на есен повторно да полага, но, ќе мора да се соочи и со кривично-правни последици.

Училишното раководство морало да го пријави случајот во Обвинителство, каде се одлучува за покренување постапка, затоа што положената матура е јавен документ и се казнува ако некое лице го добие со измама.

Доколку Обвинителството покрене постапка, девојката во најдобар случај може да помине со парична казна. Во најлош случај, ќе заврши година дена во затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 10:36