Избор на најуспешни жени менаџери и Бизнис форум ќе се одржат в сабота на 28 мај во Охрид во организција на Концепт Марили.

Марили Бизнис Форумот, чиј почеток е најавен за напладне, е најавено да го отворат генералниот менаџер на агенција „Марили“ Лидија Трипуноска и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на РМ Фатмир Битиќи.

Панелите на бизнис форумот ќе бидат посветени на Економскиот баланс – турбулентни предизвици, Личен менаџмент – создавање додадена вредност, Емоционален баланс – женско лидерство и Менталното здравје и убавината.

На бизис форумот свое учество и обраќања се најавени на: вицепремиерот Битиќи, проф.д-р. Маја Кузмановска, директор на Бизнис академија Смилевски – БАС, претседателот на ССКМ Трајан Ангелоски, проф.д-р Даниела Карадаков – БАС, сопственикот и генерален менаџер на Агро Калем, Тимјаник и претседател на Фармерска федерација на Македонија Васка Мојсковска, извршен директор на „Милениум“, Подгорциа, Црна Гора и претседател на Женско претприемништво на Црна Гора Едита Даутовиќ, редовен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, професор на Универзитетот во Ново место, Словенија и национален координатор на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција со седиште во Охрид Љупчо Кеверески, сопственичката и декан на Високата бизнис школа ПАР во Риека проф.д-р Гордана Николиќ, претседателката на Здружение „Заедно во Европа“ од Бања Лука доцент.д-р. Лиљана Крњета, сопственичката и генерален менаџер на „Арс Луцида“ Скопје – компанија за личен развој Елена Антоновска, сопственичката и генерален менаџер на „Еуростеп“ – Скопје и носител на проектот за жени „Минерва“ Шемса Емшериев, модната дизајнерка и сопственик на модно студио ОГ Олгица Ѓоргиева и новинарот и уредник во ТВ24 Огнен Јанески.

Во 20:00 часот во сабота почнува свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, на која поздравноо обраќање ќе има гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска.

Традиционално изборот се врши во организација на Марили, од каде најавуваат промовирање на 20 наградени менаџерки со видео материјал и доделување статуетки „Жена водилка“. Меѓу наградените ќе има и три менаџерки од регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 12:43