Директорите на Управата за јавни приходи на Република Македонија и Даночната управа на Република Хрватска, Сања Лукаревска и Божидар Кутлеша денеска во Загреб потпишаа Меморандум за соработка. Делегација на УЈП беше придружена и од амбасадорот на земјава во Хрватска, Милаим Фетаху.

– Ова е прв Меморандум кој се потпишува со земја членка на Европската Унија, а со кој ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики. Со овој документ ќе се зајакне меѓусебната соработка, ќе ги унапредиме односите не само помеѓу двете институции, туку и помеѓу двете држави. Оваа соработка ќе влијае и во намалување на бирокрастките процедури, истакнала директорката на УЈП, Лукаревска.

Директорот на Даночната управа на Хрватска, Божидар Кутлеша појасни дека со Меморандумот уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката на двете земји.

– Од овој Меморандум бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните. Со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство, трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи, поттикнување на доброволна усогласеност, додаде Кутлеша.

Управата за јавни приходи како што посочуваат во соопштението и во следниот период ќе продолжи со потпишување на ваков вид меморандуми за соработка, се со цел зголемување на соработката со даночните администрации во регионот и пошироко.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2022 13:56