Денеска во 10.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Р.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на ул.„Кемал Сејфула“ одзел предмет од патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(31) од Скопје.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во соработка со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2022 15:09