Претседателката на ЕБОР, Одил Рено Басо, ќе дојде во посета на Македонија на 31 мај 2022 година. Таа ќе оствари средби со Премиерот, Министерот за финансии, банки од приватниот сектор и инвеститори.

Претседателката Рено-Басо ќе учествува на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид.

Таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР Програма наречена ,,Одржливо поттикнување на МСП” во износ од ЕУР4 милиони, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП).

,,ЕБОР е главниот инвеститор во Македонија, која е важна дестинација за инвеститорите, за нас, но и за целиот регион на Западен Балкан”, објаснува Одил Рено-Басо. ,,Со нетрпение ги очекувам дискусиите за нашите следни проекти со властите, вклучувајќи го и натамошно подобрување на транспортот и развој на приватниот сектор. ЕБОР стои до Македонија во напорите на земјата да ја подобри енергетската безбедност и да направи декарбонизација на економијата, два предизвика кои се мошне важни во моменталниот геополитички и економски контекст.”

Претседателката на ЕБОР доаѓа во посета на земјата , еден месец после посетата на Потпретседателот за политика и партнерство на ЕБОР Марк Боуман, кој исто така беше во Скопје.

Дел од инвестициските проекти во земјата, кои се разгледуваат за поддршка, се изградбата на делот на интерконекцијата на гас помеѓу Македонија и Грција, делот од автопатот помеѓу Скопје и Косовската граница, подобрување на менаџментот со цврст отпад во земјата, како и поголем број на кредитни линии за локалните банки за подобрување на енергетската ефикасност, кои ќе бидат понатаму пласирани на МСП. Кредитите на ЕБОР ќе имаат и грант компонента обезбедена од донаторите од ЕУ, Обединетите Нации, Швајцарија, Шведска, САД, Норвешка, Луксембург и други донатори.

Енергетската ефикасност е област каде ЕБОР и донаторите работат да и помогнат на Македонија во транзицијата на земјата кон ниски вредности на јаглероден диоксид. Банката веќе има направено поголем број инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски извори, правејќи ја земјата енергетски побезбедна и помалку зависна од увоз на гориво.

Најновиот проект кој е поддржан од Банката е 10 MW соларна фото-волтаична централа изградена на местото на стар рудник со јаглен во Осломеј. Со финансиска поддршка од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, ќе следува изградба на други соларни фотоволтаични централи во околината и 30 MW соларна фото-волтаична централа во Битола.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди, во 161 проект во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 13:52