Влијателна брачна двојка од сојузната област Делхи во северна Индија наложи затворање на спортски стадион, наводно – порано од вообичаено, за да можат да си го прошетаат своето куче.

Се работи за Санџај Кирвар – висок функционер во Владата на Делхи, и неговата сопруга Рингу Дуга – секретарка во Владата. Поради гневот на јавноста, тамошното Министерство за внатрешни работи ја префрли неа во сојузната држава Лада на крајниот север, а него во Аруначал Прадеш, на североистокот на Индија. Тие сега се оддалечени околу 3.200 километри еден од друг.

Сѐ започна кога „Индијан експрес“ објави фотографија на којашто Кирвар и Дуга се шетаат со кучето на атлетската патека, поради што спортистите наводно морале порано да го завршат тренингот, за да не им пречат на „големците“ при прошетката.

Кирвар за овој весник изјави дека „понекогаш“ си го шета кучето на стадион, но порекна дека прекинал тренинг на спортисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 14:16