Италијанскиот фудбалски тренер Маурицио Сари постигна договор со Лацио да остане на клупата на римскиот прволигаш до крајот на сезоната 2024/25, јавија денеска локалните медиуми.

Според истите извори, годишната плата на Сари ќе изнесува 3.5 милиони евра.

Сари во својата прва сезона на клупата на Лацио го освои петтото место и му донесе на клубот настап во УЕФА Лига Европа.

Сари претходно беше тренер на Наполи, Челзи и Јувентус. Со Челзи ја освои Лига Европа, а со Јувентус титулата во Италија, но доби отказ по само една сезона поради рана елиминација во Лигата на шампиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2022 14:57