Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Велес спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата констатирани и законски санкционирани се 12 возачи. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.