Денеска во периодот од 07.00 до 11.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 24 пешаци, а на 16 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука.

За време на контролата регистрирани се и седум останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2022 12:59