Денеска од страна на полициски службеници од Полициска станица Штип на ул.„Радански пат“ во Штип од слобода е лишен Џ.Ј.(18) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“, односно истиот ден од 70-годишен штипјанец одзел пари.

Со него е извршен службен разговор во полициска станица, а кај него се пронајдени одземените пари кои се вратени на сопственикот. По комплетно документирање на службениот материјал против Џ.Ј. ќе биде изготвена кривична пријава по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2022 15:36